Испорака на производите се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката и на начин кој го одбрал при самото правење на нарачката – (првата врата, дворна врата од куќа, влезна врата од зграда).
При предавање на производите купувачот или трето лице ја потпишуваат испратницата и другите пропратни документи. Под трето лице се подразбира лице кое не наведено во порачката но го прима производот на наведената адреса при извршување на порачката.
При примањето на производот примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостиг на некој дел доколку производот е составен од повеќе делови. Доколку се констатира некој од предходно наведените недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација.
Пред испорака на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран за часот и денот на испорака. Испорака на производите ќе се прави на целата територија на Р. Македонија. Испорака на производи надвор од територијата на Р. Македонија не вршиме.
Времето на испорака во Скопје И низ другите градови во Р. Македонија изнесува 120 часа (5 работни дена) од моментот на правењето на нарачката. Доколку нарачката е направена после 16 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од следниот работен ден. Доколку нарачката е направена во неработен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови.