fbpx
, ,

Вградна Машина за садови Gorenje GV661D60


  • Енергетска класа: A+++
  • 16 стандардни сетови
  • Тип на мотор: Асинхрон еднофазен мотор
  • Автоматско отворање на вратата (TotalDry)
  • Број на корпи: 3

26.490ден

16 комплети

Флексибилни како и вашето време

Машините за садови SmartFlex овозможуваат доволно простор за да ги задоволат сите ваши потреби. Целосно флексибилниот ентериер овозможува различни начини на редење и едноставна употреба, а ефектите од миењето се перфектни.

 

 

15min SpeedWash

Чисти брзо за да може вие да забавите

Замислете чиниите од главниот оброк да бидат измиени пред послужувањето на десертот. Брзата 20 минутна програма во комбинација со SpeedWash функцијата ќе ги измие вашите садови за само 15 минути. Совршено за справување со валканите садови кога имате многу гости.

 

 

TotalDry

Се грижи наместо вас

По завршување на миењето, вратата од машината автоматски се подотвара како би излегол вишокот на пареа настанат при миењето. Со ова се овозможува свеж воздух да допре до садовите со што ќе овозможи комлетно сушење дури и на пластичните садови. Одлично решение за брзо сушење со ниска потрошувачка на енергија.

 

Прилагодливи корпи

Внимателно дизајниран ентериер

Корпите се опремени со истакнати подвижни делови, а прилагодливите корпи го поедноставуваат полнењето, т.е. редењето садов. Навистина едноставниот систем за прилагодување на висината на копата на 3 нивоа овозможува полнење со дури и најголемите садови и тави. Држачите за тави во долната кошница може да се свиткаат за да се направи повеќе простор за поголеми садови. Приборот за јадење може да биде совршено организиран во специјална корпа. Поединечни парчиња прибор ќе бидат одвоени едни од други за да се спречи гребење и да се овозможи совршено сушење. Секој детал е внимателно обмислен за да биде ракувањето што е можно поедноставно.

 

Автоматскa програмa

Забава за двајца или дванаесет – садовите ке бидат беспрекорно чисти

Некогаш се што им треба на садовите е мало плакнење, во друга прилика машината е полна садови останати од неделниот ручек. Напредната сензорска технологија секогаш ќе ја прилагоди програмата за миење со оптимална количина вода и оптимална потрошувачка на енергија. Не ви е потребна специјална програма за стакло или пак интензивна програма – единствената AutoProgramme ке ги прилагоди параметрите согласно вашите потреби.

 

Екстра хигиена

Секогаш чисто бебешко шише

Оваа опција го продолжува времето за миење и ја зголемува температурата за 5°C, што во комбинација со интензивната програма овозможува температура од 75°C која елиминира голем дел од бактериите. Оваа програма која симулира процес на стерилизација е создадена за семејства со бебиња, за чистење на бебешкиот прибор и шишиња.

 

 

Технички карактеристики

 

  • Енергетска класа: A+++
  • Максимална температура на влезната вода: 70 °C
  • Тип на мотор: Инвертер мотор
  • Индикатор на одбраната програма
  • Управување: Копче
  • Сензори: Сензор за ниво на вода, Сензор за чистa вода
  • Температура на миење: 70, 65, 55, 45, 35 °C
  • Референтна програма: 1
  • 16 стандардни сетови
  • Меморирање на сопствени програми
  • Брза интензивна програма (QuickIntensive)Автоматскa програмa
  • Програма SpeedWash
  • Автоматско отворање на вратата (TotalDry)
  • Дополнителна хигиена
  • Функција за таблета 3 во 1
  • Индикатор на одбраната програма
  • Индикатор за крај на миењето
  • Информациски прикажувач: Индикатор за преостанато време
  • Можност за монтажа на декоративна врата: Можност како додаток
  • Одложен старт 0-24 часа
  • Број на корпи: 3
  • Систем на горната корпа: Мултиклак
  • Нивоа на прскање: 5
  • Распрснувачи: 3
  • Самочистечки филтер
  • Горна корпа: Широка мрежа; Преклоплива лева полица за вино; Преклоплива десна полица за вино; Фиксни држачи; Фиксна подлога за чаши; Стандарден држач за нож
  • Долна корпа: Широка мрежа; Преклопувачки/делив заден држач
  • Заштита од прелевање: Целосен AquaStop
  • Сервисна дијагностика
  • Внатрешност од не’рѓосувачки челик
  • Потрошувачка на вода: 9,6 l
  • Потрошувачка на енергија за нормалнa програмa: 0,76 kWh
  • Проценета годишна потрошувачка на вода за четиричлено домаќинство: 2.688 l
  • Бучност: 44 dB(A)re1pW
  • Регулирање на висината: 70 mm
  • Приклучна моќ(V): 220-240 V
  • Димензии (ШxВxД): 59,6 × 81,7 × 55,6 cm

 

 

 

Based on 0 reviews

0.0 overall
0
0
0
0
0

Be the first to review “Вградна Машина за садови Gorenje GV661D60”

There are no reviews yet.

SHOPPING CART

close
[]