Инвертер Климатизер
HISENSE TG35VE00G
Целосен DC инвертер
Врвна технологија за најдобри перформанси
Wi-Fi контрола
Едноставна и сигурна работа со Wi-fi
Едноставно контролирајте го клима уредот во домот само со вашиот мобилен телефон и безжична Wi-Fi конекција. Така, ќе можете да имате идеална температура пред да дојдете дома или едноставно да се грижите за вашите миленици од голема далечина.
Брзо ладење
Турбо режим
Функцијата на забрзана работа овозможува брзо ладење или греење и ви овозможува да уживате во поголем проток на воздух, за да се чувствувате пријатно за пократко време.
I Feel функција
Интелигентна контрола на температурата
Далечинскиот управувач ја мери температурата во просторијата и ги пренесува информациите до внатрешната единица. До внатрешната единица не се пренесува само температурата на просторијата, туку и температурата околу корисникот преку сензорот на безжичниот далечински управувач. Внатрешната единица потоа автоматски ги прилагодува режимот на работа и температурата на работа.
Паметен режим
Еден клик за совршена собна температура
Само притиснете го копчето „Smart“ и клима уредот автоматски ќе се прилагоди на идеалната температура според собната температура.
Технологија на прочистување на воздухот на повеќе нивоа
Загарантиран висок квалитет на воздухот
Воздухот поминува низ повеќе филтри и секој од нив има функција да овозможи подобар и поздрав воздух. Нашите клима уреди, најчесто, ги имаат следниве филтри: витамин Ц филтер, филтер со катехин, филтер со сребрени јони, оптички каталитички филтер, ХЕПА филтер и арома филтер.
Генератор на студена плазма
Систем за довод на чист воздух
Јонскиот генератор на студена плазма ги разложува молекулите во воздухот на позитивни и негативни јони. Во овој процес на формирање и разградување на позитивните и негативните јони, регенерираната енергија од празнењето оксидира и ги стерилизира молекулите на прашината и бактериите. Ова во комбинација со технологијата за прочистување на воздухот и ПЕТТЕ филтри гарантирано ќе го задржи воздухот чист и свеж.
Филтер со активен Јаглен
Најдобра апсорпција на честички и непријатен мирис
Филтерот со активен јаглен содржи јаглен кој покрај честичките, фаќа и хемикалии, издувни гасови и чад од цигари. Затоа, ова е совршено решение да го апсорбира и да го отстрани непријатниот мирис за да можете да уживате во свежиот и чист воздух.
4Д автоматски насочувачи
Автоматско насочување на воздухот
Со автоматското движење на хоризонталните перки по специфичен редослед, апаратот обезбедува оптимална дистрибуција и проток на ладен или топол воздух низ просторијата во сите четири насоки.
Повеќекратна заштита против корозија
7 нивоа на заштита за подолг век на траење
Надворешното куќиште е заштитено со hot-dip галванизирана челична плоча и со керамичка боја за печење. Двојниот слој на цинк, двојниот слој од топлив цинк-железо, челичната матрица, слој во прав и слојот од керамичка боја , формираат силна седумкратна заштита и во голема мерка го продолжуваат работниот век на надворешните единици на клима уредите.
Греење на 8°C
Заштедете енергија и чувајте го вашиот дом од замрзнување
Во студената зима и при подолго отсуство од домот, специјалниот режим на греење го одржува и штити вашиот дом од замрзнување, одржувајќи ја температурата во просторијата на 8°C. Со оваа функција ќе заштедите енергија, ќе ги заштитите мебелот и цевките за вода или ќе им овозможите пријатна околина на домашните миленици.
Tајмер 24 часа
Однапред поставен дневен режим на работа
Наведете го специфичното време од денот кога сакате клима уредот автоматски да се вклучи или да се исклучи. На овој начин, секогаш ќе имате вистинска температура.
Само-дијагностика и автоматска заштита
Останете безбедни
Клима уредите имаат надзор на процесот во реално време и можат веднаш да дијагностицираат дефекти во случај на неправилност со прикажување на код за грешка. Покрај тоа, благодарение на технологијата за автоматска заштита , клима уредите можат да иницираат безбедносно исклучување кога се појавува оптоварување на системот.
Технички Карактеристики :
- Работна температура во режим на греење : -15- 24
- Опсег на работна температура во режим на ладење: -15 – 43
- Опсег на поставување на температура: 16-30
- Компактен дизајн
- Копче за рачно управување
- Режим на работа: Инвертер
- Разладно средство: R32
- Меморија на позицијата на насочувачите
- Двоен одвод на кондензатот: Лево или десно
- EER: 3,5
- Енергетска класа – ладење: А++
- Енергетска класа – греење: А+
- Брзина на надворешниот вентилатор: 3
- Брзина на внатрешниот вентилатор: 7
- Моќност за ладење (BTU/h): 12000
- Моќност за ладење (BTU/h): 12000
- Далечински управувач како собен термостат
- Скриен ЛЕД дисплеј
- Јонски генератор на студена плазма
- Затемнување на екран
- Само-дијагностика
- Автоматски внатрешен вентилатор
- Моќност за ладење: 3,5 kW
- Капацитет на одвлажнување: 1,2 L/h
- Дијаметар на кондензациската цевка: 18 mm
- Филтер Витамин C – каталитичен + сребрени јони
- Автоматско работење
- Автоматско повторно вклучување (при прекин на електрична енергија)
- Заштита од замрзнување
- Ноќен режим на работа – Night mode
- Турбо функција
- Ладење
- Греење
- Функција за отстранување на влага
- Вентилирање – проветрување
- Приклучна моќ(V): 220-240 V
- Минимална јачина на звукот: 56 dB(A)re1pW
- Грејна моќност: 4.000 W
- Потрошувачка на електрична енергија во режим на мирување: 1 W
- Фреквенција: 50 Hz
- Разладна моќност: 3.500 W
- Полнење на фреон: 0,76 gr
- Минимален звучен притисок: 31 dB(A)2×10-5Pa
- Максимален звучен притисок: 40 dB(A)2×10-5Pa
- Потрошувачка на ел. енергија при греење: 1.025 W
- Потрошувачка на ел. енергија при ладење: 1.000 W
- Минимален проток на воздух: 450 m³
- Проток на воздухот: 600 m³
- Цевка за течност: 6,35 mm
- Дијаметар на цевката за разладен медиум: 9,53 mm
- Максимална должина на цевките: 15 m
- Максимална висинска разлика: 5 m
- Номинална вредност на струјата при ладење: 4,4 A
- Номинална вредност на струјата при греење: 4,5 A
- Сооднос SEER – ладење: 6,1
- Сооднос SCOP – греење: 4
- Коефициент COP: 3,9
- Минимален звучен притисок: 31 dB(A)2×10-5Pa
- Максимален звучен притисок: 40 dB(A)2×10-5Pa
- Димензии (ШxВxД): 95 × 27,2 × 20,7 cm
Hi-SmartLife
МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА
Оваа Апликација ќе ви донесе комфорт и интелигентно искуство
Контролирајте го вашиот климатизер со еден клик било кога и од било каде
Проверете го статусот на вашиот уред во реално време или направете дијагностика со само еден клик
There are no reviews yet.